Денеска официјално заврши мисијата на Обединетите Нации по руското вето во Советот за безбедност за продолжување на 16 годишната мисија. Со тоа заврши работата на 150 те воени посматрачи кои го набљудуваа прекинот на огнот меѓу Грузија и сепаратистичка Абхазија. Според рускиот амбасадор во Светската Организација Виталиј Чуркин, нацрт резолуцијата ја игнорирала руската одлука за признавање на независноста на Абхазија и другиот регион Јужна Осетија.