Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Луис Мариа де Пуч денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, во чии рамки ќе има средби со претседателот на Владата Никола Груевски и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Претпладнето претседателот Луис Мариа де Пуч ќе има обраќање на 61-та седница на Собранието на Македонија.