Мариовски средби

Прилеп

Стотици граѓани од сите краеви на Македонија кои водат потекло од Мариово и овој пат се дружеа во Витолиште. Се среќаваа и сеќаваа на минатото, на деновите кога Мариово живееше со бебешки плач и детска игра, кога брефтаа звуците на фабриките. Сега оставени сами на себе, заборавени од институциите, без можност за напредок, зачмаени во крајот пуст,глув и празен како што велат со
Убаво нешто е вака, да се видиме со цел народ, со луѓето, вилаетот да го видиме,кај што работевме
жар и нетрпение ги чекаат и се радуваат на овие Мариовско-мегленски средби, кои годинава се одржаа по 26-ти пат.

„Убаво нешто е вака, да се видиме со цел народ, со луѓето, вилаетот да го видиме,кај што работевме.“

Велат жителите и оние иселените кои присуствуваа на средбите. Но и на оваа културно-уметничка манифестација која ги негува традициите, обичаите, македонскиот фолклор, игра, песна и оро не се сретнаа Македонците од Мариово и Меглен. Оние од Мегленско ниту беа поканети, ниту дојдоа, а средбите не ја оставри целта.

„Министерството за култура не смогна сили да го поддржи овој така речи меѓународен културен настан,кој поврзува два народа со традиција на соработка, на заедништво повеќе векови. Така што тоа ја претставува всушност и целта на Мариовско-Мегленските средби.“

вели Горан Никлески, од невладината организација „СФЕРА„ која 4-та година е организатор на средбите. А, мариовците се сеќаваа на годините кога на овие средби со музика, песна и оро се дружеле со роднините преку границата во Мегленското.

„Идеа од Меглен онаму, од Прилеп, од Скопје, од секаде идеа, убаво беше. Е, порано што одеа горе споменик имаше таму, сега не одат, на споменикот на партизаните што паднале, го викаат Лигураса.“

раскажуваат жителите, кои се чувствуваат заборавени, напуштени. Велат по завршување на средбите, следниот ден Витолиште и Мариово повторно ќе бидат глуви и неми, никој нема да дојде да ги посети,да ги праша како живеат, што им треба. Но,градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески вети подобра организација за следните средби и лична заложба за сестран развој на регионот.

„Со изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште и големите акумулации, оваа област ќе биде уште поатрактивна, а Локалната самоупра ќе се потруди понатаму преку средства и донации, значи од Владата, од Светска банка да се изградат патишта до селата, во одредени села водовод, со што атрактивноста на овој крај ќе биде уште поголема.“

истакнува Ристески.Овој сенароден собир беше збогатен со културно-уметничка програма од бројни културно-уметнички друштва и етно-групи.