Британија ќе спроведува истрага за војната во Ирак

Британија ќе спроведува истрага за војната во Ирак. Истрагата ќе се фокусира врз британската инволвираност во војната и последиците кои Обединетото Кралство ги има претрпено. Меѓу другото ќе се испитува и одлуката на тогашниот премиер Тони Блер Британија да им се придружи на Соединетите Американски Држави во инвазијата во 2003 година. Војната во Ирак стана многу непопуларна во Британија, која е во фаза на повлекување на своите трупи од земјата.