Во Охрид конференција за борба против корупцијата

Во Охрид се одржува Конференција за борба против корупцијата, предизвиците за проширувањето на Европската унија на која учествуваат претставници на повеќе од 45 земји од Европа и Централна Азија. На свеченото отворање премиерот Никола Груевски изјави дека Македонија е решена да се справи со корупцијата. На конференцијата учествува и управниот директор на Транспаренси Интернешнал Кобус де Швард.