Упасени лидерите на реформистите во Иран

Властите во Иран уапсиле десетмина лидери на реформистички групи кои викендов протестираат во главниот град Техеран, пренесуваат новинските агенции. Протестите започнаа по објавувањето на резултатите од претседателските избори, на кои победи Махмуд Ахмадинеџад. Приврзаниците на противкандидатот Мир Хусеин Моусави се бунат против официјалните резултати според кои Ахмасинеџад доби повеќе од половина од гласовите. Претставници од иранското судство, пак, велат дека лидерите на реформистичките групи не биле уапсени, туку биле повикани на разговор при што биле предупредени да престанат со насилствата.