Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е шокиран и тажен поради нападот пред споменикот на Холокаустот во Вашингтон, во кој загина претставник на обезбедувањето. Во неговата писмена изјава Обама истакна дека нападот, кој се случи вчера, претставува потсетување за потребата од превенирање на сите форми на антисемитизам. Застрелувањето на чуварот во Музејот на Холокаустот во Вашингтон, кој им подглегна на повредите, го изврши 88- годишниот Џемс Вон Бран, кој бил познат по своите врски со кругови кои заговараат супериорност на белата раса. Веднаш окако тој почнал да пука возвратиле чуварите во музејот, по што напаѓачот е хоспитализиран.