Летово граѓаните од Кумановскиот регион ќе можат да здивнат во однос на водоснабдувањето. Ова го најавуваат од новото Претпријатие за водоснабдување ,,Кумановско-Липковско поле" кое интензивно работи на санирање на дефектите.
Земјоделците од петте општини од североисточниот регион, Куманово, Липково, Старо Нагоричино, Ранковце и Крива Паланка оваа летна сезона можат да здивнат во однос на водоснабдувањето, најавуваат од новото претпријатие за водостопанство Кумановско-Липковско поле. Екипите од претпријатието интензивно работат на санирање на сите дефекти на мрежата од 130 километри, на која со години не било ни малку интервенирано, особено во периодот кога претпријатието за водостопанство беше во ликвидација. Водоснабдителната мрежа е стара 40 години, а новото претпријатие ќе се занимава со:
,,Основните дејности се економично стопанисување со водата за пиење, наводнување и технолошки потреби."
Вели Ѓорѓи Јакимовски претседател на Управниот одбор на Кумановско-Липковско поле. Хидрометеоролошките прилики беа поволни, двете акумулации Липково и Глажња се полни со вода,така што:
,,Од средината на април има прилив на браните од 25 милиони кубици вода, што е доволно за наводнување, за пиење и технолошка потреба."
Смета Јакимовски.
Тој додава дека со отстранување на дефектите на системот, како и со економично користење на водата таа нема да биде проблем ниту за граѓаните за домашни потреби,ниту за земјоделците, кои оваа сезона ќе ги наводнуваат земјоделските култури со вода од целиот систем,а не како порано само делумно. Охрабрувачко е и тоа што цената на водата ќе биде пониска во однос на лани.

Од средината на април има прилив на браните од 25 милиони кубици вода, што е доволно за наводнување, за пиење и технолошка потреба