Македонија целосно зависна од увоз на струја?

Доколу под итно не почне да се вложува во електро-енергетскиот сектор, Македонија за десетина години ќе треба да увезува околу 90% од потребната струја, покажува Националната енергетска стратегија која се подготвува во МАНУ.
За 10 години Македонија ќе треба да увезува 90 проценти од потребната струја. Ова според МАНУ е најцрното сценарио ако не се инвестира во постоечките капацитети за производсво на електрична енергија. Тоа значи дека треба да се вложи во нови наоѓалишта на јаглен, изградба на термоцентрали на јаглен, термоелектрани – топлани на природен гас, изградба на нови хидроцентрали како и користење на обновливи извори на електична енергија. До овој податок дојдоа академиците на МАНУ кои ја подготвуваат националната енергетска стратегија за периодот до 2025година.

,,Ако под итно не се отворат новите рудници за постојните термоцентрали и доколку не се инвестира во нови објекти, тоа би било најцрното сценарио. Тука би останале само хидроцентралите и мазутот, доколку не биде прескап."

вели академик Глигор Каневче.
Експертите се сложуваат дека Македонија има потенцијали за користење на обновливи енергетски извори. Може да се инвестира во користење на сончевата енергија, енергијата на ветерот,термалната енергија или биоенергијата добиена од отпадната маса од земјоделието.Професор Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност вели дека не се направени истражувања-- колкав е потенцијалот на овие видови на енергија. Ваквиод вид на обновливи енергетски извори ќе помогнат да се намали увозот на струја.

,,Неможат да го решат, можат да го ублажат. Колку пари имаме да вложиме, да се направат малите хидроцентрали бидејќи така ќе се ублажи потребата за увоз на електрична енергија."

вели Димитров.
Професорот од елекро техничкиот факултет Атанаско Туневски предупредува дека секоја побарувачката на струја ќе се зголемува а ќе се намали производството атоа што капацитетите се застарени.

,,Решението преку кое може да се реши проблемот се сериозни инвестиции или во електроенергетски извори на цврсти горива, значи на јаглен или на мазут или пак уште подобро инвестиции во нуклеарна електрана која што јасно неможе да се гради во Македонија, ниту има услови да се гради во земјата, туку треба да се вклучиме во некоја регионална."

Според Туневски инвестициите во енергетиката треба да ги вложи државата а не странци.

,,Ако инвестираат странци тоа што ќе го изградат ќе биде странско. Нашата држава со оглед на тоа дека има буџет над две милијарди евра може да одвои годишно по некој проццент за да изгради електроенергетски објект, со цел оваа држава еден ден да не остане без струја од домашно производство."

Најдоброто сценарио за енергетската слика според академик Каневче е Македонија до 2015 година ќе може сама да си ги задоволи потребите од електричнма енергија ако инвестира во енергетиката и ги реализира препораките од националната стратегија.