Клинтон ги поздрави напорите на Турција

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги поздрави напорите на Турција за нормализирање на односите со Ерменија. Клинтон ја даде изјавата по средбата со турскиот министер за надворешни работи на Ахмет Давутоглу. Турција го блокираше граничниот премин со соседна Ерменија во 1993 година во знак на подршка за Азербеџан.