Почнува театарскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински"

Прилеп

Во Прилеп почнува театарскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински". Во рамки на седумте фестивалски денови ќе бидат изведени десетина претстави, претежно од домашни автори.
Ансамблот на Македонскиот народен театар со изведбата на претставата „Свето срце„ работена по текст и во режија на Љубиша Георгиевски ќе го означи официјално почетокот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински„ кој по 44-пат традиционално се одржува во Прилеп. Во официјална конкуренција во текот на 7-те фестивалски денови љубителите на „Талија„ ќе имаат можност да уживаат во изведбите на „Кинегонда во Карлаленд„ од Драмски театар, „Тероризам„ –проект на велешкиот ансамбл,„Албански ноќи„ од албанскиот, а турскиот театар ќе ја изведе претставата „Сијах Калем„. За престижните награди ќе се натпреваруваат и кумановскиот ансамбл со претставата „Тетовирани души„ битолскиот со „Црна се чума зададе„ штипскиот со „Глоговиот џбун„ струмичкиот со „Последниот ден на Мисирков„, а ансамблот на градот домаќин ќе ја изведе „Тапани во ноќта„
На македонскиот театар му недостига да го почитуваме што повеќе, да не велиме дека од 1941, 1991 или од 2001 година почнува театарот, туку да си ги земеме нашите корени од Еврипид и наваму
претстава која ги освои наградите на повеќе меѓународни реномирани театарски фестивали.

,,На македонскиот театар, ништо му недостига. Македонскииот театар е талентиран, стар 2500 години од Еврипид па наваму, оставил траен белег не само во македонската, туку и во целата светска постојбина. На македонскиот театар му недостига да го почитуваме што повеќе, да не велиме дека од 1941, 1991 или од 2001 година почнува театарот, туку да си ги земеме нашите корени од Еврипид и наваму."

Вели Петар Темелкоски, уметнички директор и селектор на Фестивалот, истакнувајќи дека целта на фестивалот е да се негува домашниот драмски текст, па затоа и 8 од 10-те претстави се од домашни автори.Во рамките на придружната програма ќе бидат изведени 6 претстави, а истакнатите театарски работници: Братислав Димитров, Трајче Кацаров и Роберт Велјановски ќе бидат модератори на три теми на кои ќе се дебатира на трибините што ќе се одржат во Центарот за култура.

,,Осми, деветти и десетти јуни во 12 часот на пладне, темите се следните: „Како се толкува или како е разбрана авангардата во театарот во Македонија„. Втората тема е „Театарот дали да и служи на драмската уметност или на естрадата„ и третата тема е „Каков јазик се негува на сцените на театрите во Македонија„.

Лауреати на годинешното фестивалско случување се Љубица Гојковиќ, актер од кумановскиот народен театар и Димитар Костов од МНТ. За квалитетот на годинешната театарска понуда ќе одлучува тричлената жири-комисијата: писателот и академик Митко Маџунков и актерите Зијадин Муртезовски и Ванчо Петрушевски.Во чест на наградените на штиците што живот значат, битолскиот ансамбл ќе ја одигра претставата „Тестостерон„ по текст на Анджеј Сарамонович, а во режија на Ненад Витанов.