Долненско-Крушевскиот регион го демнат зарази

Прилеп

Во екот на летните горештини на осум илјади жители од Долненско-Крушевскиот регион им се заканува опасност од појава на инфекции. Водата што доаѓа од регионалниот водовод Студенчица не е хлорирана.
Околу 8500 жители на Долненско и три Крушевски села ги демне опасноста од разни инфекции, зашто две недели пијат вода која не е хлорирана, бидејки прилепски „Водовод и канализација„ ја повлече хлорната станица од Барбарас. Граѓаните се исплашени за своето здравје. Огранокот на СДСМ алармира и бара Локалната самоуправа веднаш да преземе мерки, итно да го реши проблемот:

,,Од општина Долнени и нашите населени места, во каква ситуација. Значи немаме канализации, речните корита се загадени, веќе имаме висок процент во населените места и на жолтици. Во текот на годините и во летните периоди се зголемува секогаш бројот."


Вели Ахмо Фазлиќ, советник во општинскиот совет на Долнени. И од Заводот за здравствена заштита потврдуваат дека водата не е
Во секој момент постои опасност за појава на одреден вид заболување кои би се пренеле преку водата доколку не се врши редовна дезинфекција на водата за пиење
хлорирана. Велат анализите од мострите земени пред 2 дена покажуваат дека водата е здравствено исправна, но тоа не ја исклучува опасноста од појава на инфекции:

,,Во секој момент постои како опасност за појава на одреден вид заболување кои би се пренеле преку водата доколку не се врши редовна дезинфекција на водата за пиење. Според позитивните законски прописи и правилникот за безбедност на вода како обврска за хлорирање на водата паѓа на јавното претпријатие кое стопанисува со тој водоснабдителен објект."

Вели д-р Петар Оханесјан, началник на службата за хигиена со здравствена екологија.Иако веќе имаат сознанија согласно со законот вели Оханесјан, Заводот ги информирал и Дирекцијата за храна и Локалната самоуправа. Од прилепски „Водовод и канализација„ објаснуваат дека хлорната станица од Барбарас е повлечена, а кај месноста Песјобрдце е поставена нова хлорна станица која ја хлорира водата за градот и околните села кои припаѓаат на општина Прилеп. Овде прекинува обврската на ова јавно претпријатие, а започнуваат на соседната општина Долнени која е должна да го реши проблемот и да обезбеди чиста и здрава, хлорирана вода за своите жители.

,,Значи известувањето е пратено на 16.01.2009 година дека хлорирањето го префрламе на 01.02 2009 година. Технички веќе не сме во можност да вршиме таму хлорирање, бидејќи опремата е премногу застарена, на Барбарас нема електрична енергија. Хлориравме со хлоринатор од 1975 година и веќе е невозможно да се врши хлорирање и да сакамае да им излеземе во пресрет за да добијат уште 2-3 месеци за да се снајдат, за да направат свои хлорни станици не можеме да хлорираме."

Истакнува Сашо Николоски, директор на „Водовод и канализација„. Новиот градоначалник на Долнени, Абдула Бајрамоски во моментов нема конкретен одговор како ќе го реши проблемот. Овој проблем го наследив од претходната гарнитура, никој не го решил досега. Но, еве ги вложувам сите напори, а ќе барам и помош од Владата за да се изгради хлорна станица и да се спречи опасноста од појава на инфекции, истакнува Бајрамоски. Според анализите на стручњаците неопходно е да се постават филтри за хлорирање на водата на 8 излези кон регионалниот водовод „Студенчица„, така што за реализација на оваа инвестиција ќе бидат неопходни околу 40.000 евра, кои локалната самоуправа треба да ги обезбеди веднаш.