Огласите во весниците се полни со реклами од надрилекари, кои нудат лек за речиси секоја болест. Притиснати од болеста, пациентите често бараат помош од разни бајачи и гатачи, без притоа да размислат дека со тоа само си го влошуваат здравјето, велат здравствените работници.
Лекувам по телефон, гледам на фотографија и ви ја откривам иднината, со билки лекувам од тумор, имам природен лек за неплодност. Ова е дел од понудата на надрилекарите кои својата вештина ја огласуваат во весниците. Ветуваат лек за несоница, разни алергии, камен во жолчката, стрес, депресија, па се до тешки болести како леукемија, епилепсија или рак. Како што велат повеќето надрилекари исцелителната моќ ја наследиле од нивниот предок или имале разни божји привиденија. Побаравме лек за тумор на простата од еден 70 годишен биоенергетичар кој лечи по телефон.
,,Со оваа вежба ќе добие повисока температура затоа што клетката на ракот умира на 45 степени температура, а на здравите клетки им одговара. Имам многу луѓе излечено со овој третман."
За оваа услуга тој не наплаќа. Лекарите велат дека пациентите често бараат помош од бајачи и гатачи наместо од нив. Докторката Жаклина Шопова од Инфективната клиника вели дека кај нив често доаѓаат пациенти кои со разни надрилекарства само си го влошилездравјето.
,,Третманот кај тие пациенти е подолготраен од вообичаено и за жал исходот може да биде и фатален затоа што навреме не се јавиле во институцијата каде треба да добијат соодветна терапија."
вели д-р Шопова.
Тие пациенти на своја рака се лекуваат со разни билки, со масти и креми домашно припремени. Причината зошто тоа го прават пациентатите докторката ја лоцира во незнаењето и стравот.
,,Луѓето сметааат дека на тој начин можат да поминат полесно без да лежат во болница и без да платат поголеми финансиски средства, иако за поголем дел на инфективните болести не се наплаќа."
вели д-р Шопова.
Фондот за здравство не ги признава штетите направени од надрилекари. За лекувањето без потпишана стучна подготовка се казнува според кривичен законик. За надрилекарите следува казна затвор од една година. Од полицијата велат дека може да делуваат против нив само ако измамен граѓанин го пријави случајот. Досега во секторот за внатрешни работи не е пријавен ниту еден случај.
Имам многу луѓе излечено со овој третман
,,Со оваа вежба ќе добие повисока температура затоа што клетката на ракот умира на 45 степени температура, а на здравите клетки им одговара. Имам многу луѓе излечено со овој третман."
За оваа услуга тој не наплаќа. Лекарите велат дека пациентите често бараат помош од бајачи и гатачи наместо од нив. Докторката Жаклина Шопова од Инфективната клиника вели дека кај нив често доаѓаат пациенти кои со разни надрилекарства само си го влошиле
За жал исходот може да биде и фатален затоа што навреме не се јавиле во институцијата каде треба да добијат соодветна терапија