Грција не ги прима авганистанските емигранти

Авганистанци

Во Македонија во моментов има 67 емигранти, од кои 40-тина од Авганистан. Најголемиот број од емигрантите нелегално влегуваат во Македонија преку Грција, која потоа не сака да ги прими назад. Според експертите со таквата постапка Грција ги крши меѓународните закони.
Грција одбива да ги прими назад авганистанските државјани, кои нелегално влегуваат во земјава токму од Грција, иако според договорот за реадмисија нашиот јужен сосед е должен да го стори тоа, реагира МВР.

,,За жал и покрај обврските од потпишаната спогодба за реадмисија меѓу двете земји, барем во досегашните случаи немало слух од другата страна во однос на прифаќањето на овие лица."

вели портпаролот на МВР Иво Котевски.
Нашиот сосед не ги почитува меѓународните закони, дециден е професор Владимир Пивоваров. Тој се сомнева дека Грција, можеби, сака
За жал и покрај обврските од потпишаната спогодба за реадмисија меѓу двете земји, барем во досегашните случаи немало слух од другата страна во однос на прифаќањето на овие лица.
да се ослободи од емигрантите и смислено, нелегално ги испраќа во Македонија, а потоа не сака да ги прими назад, иако е обврзана на тоа.

,,Сега се поставува прашањето, дали овие емигранти свесно се носат до некоја точка пред границата, и им се укажува да ја минат граничната линија што веројатно постои. Меѓутоа можно е и тие сами да дојдат тука, што е многу малку веројатно, бидејќи таму има огромен прифатен центар во Патра, кој веќе претпоставувам веќе е преполн."

Емигрантите, по приведувањето од македонската полиција, бараат азил во Македонија, но не може да добијат зашто во земјава влегле од безбедна земја, во случајов Грција. Додека чекаат дали ќе им се одобри азил, странците престојуваат во Прифатниот центар за азиланти во скопско Визбегово. Директорот на Центарот Самка Ибраимовски информира дека во Центарот моментално престојуваат 67 баратели на азил, од кои четириесетина се од Авганистан, но има и од Палестинската територија, Албанија, Бугарија, Косово, Сомалија, Босна, Чешка, Србија, Индија и Еритреја. Барателите на азил добиваат храна, хигиенски средства и лекарска помош. Центарот ја чини државата 11 милони денари годишно, но ако бројот на баратели се зголеми можеби ќе требаат и повеќе, вели Ибраимовски.

,,Во моментов имаме еден драстичен скок на баратели на азил. Од 26-27 лица колку што имавме пред еден месец, сега имаме 67."

Од МВР велат дека тоа што Грција не сака да ги прими тие кои влегле од нејзина територија, дополнително, ги зголемува трошоците на
Во моментов имаме еден драстичен скок на баратели на азил
државата. Професор Пивоваров објаснува дека Македонија може да ја тужи Грција на меѓунроден суд. Но, меѓународниот суд нема извршен механизам да ја натера Грција да го почитува договорот, вели Пивоваров.

,,Инаку прашањето кое може да го реши е ЕУ бидејќи Грција е нивна членка и можат да извршат притисок врз неа, за да во иднина нема вакви случки."

Од МВР потсетуваат дека во изминатиов период биле уапсени педесетина авганистански државјани кои во земјава влегле преку Грција.