Продолжуваат борбите меѓу пакистанските и талибанските сили

Новинските агенции јавуваат за нови борби меѓу талибанските милитанти и пакистанските сили во близина на границата со Авганистан. Притоа, како што се додава, загинале најмалку 40 талибанци и четворица војници. Претходно пакистанскиот министер за одбрана Сајед Атар Али изрази уверување дека за два до три дена ќе заврши воената операција против талибанците во долината Сват. Според него, таму во моментот преостанало да се заврши уште само пет до десет насто од работата.