До ова дојде откако Северна Кореа се закани дека ќе ги нападне сојузничките сили доколку тие почнат да ги проверуваат севернокорејските бродови во рамките на програмата за неширење на оружјето за масовно уништување. Пјонгјанг соопшти дека во спротивно нема да го смета за обврзувачко примирјето од 1953 година со кое заврши Корејската војна. Во Јужна Кореа има над 28 500 американски војници. Во меѓувреме, светските сили предложија проширување на санкциите против Северна Кореа. Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин, претставувајќи ја новата нацрт резолуција на Советот за безбедност за Северна Кореа, изјави:
,,Мислам дека целта е да постигнеме денуклеаризација на Корејскиот полустров и стабилност во регионот.,,
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Пјонгјанг се соочува со консеквенци поради неговите последни провокативни чекори.
,,Сакам да ја нагласам заложбата на Соединетите држави, како и намерата секогаш да дејствуваме во одбрана на Јужна Кореа и на Јапонија. Тоа е дел од нашите сојузнички обврски.,,
рече Клинтон, изразувајќи надеж дека сепак ќе се изнајде можност за Северна Кореа да се врати на преговарачка маса.