Најавена нуклеарна соработка меѓу Канада и Индија

Канада можеби ќе потпише договор за нуклеарна соработка со Индија, изјави канадскиот министер за трговија со странство, Сковел Деј. Според Деј, тој договор ќе и овозможи на Канада да продава на Индија нуклеарна технологија и ураниум за цивилна употреба. Канада во 1974-та престана да соработува со Индија, откако индиската влада наводно искористила плутоним од еден канадски реактор за производство на атомски бомби.