Барселона е нов европски првак во фудбал, откако вечерва во Рим во финалето од Лигата на шампионите го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0. Стрелец на првиот гол за Барселона беше Семјуел Ето во 10–тата минута од средбата. Во 70–тата минута од натпреварот, Лајонел Меси со глава по втор пат го совлада голманот на Манчестер Јунајтед, Ван Дер Сар. Манчестер Јунајтед ја бранеше минатогодишната титула од Лигата на шампионите. Екипата на Алекс Фергусон во ова натпреварување е непоразена од 4 мај 2007 кога во полуфиналето загуби од Милан со 3:0.