Иран нема капацитет да ја нападне Европа

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад

Група американски и руски експерти издадоа извештај во кој се наведува дека Иран е околу една деценија далеку од можноста да ја нападне Европа со нуклеарно оружје. Институтот Исток-Запад препорачува Вашингтон да работи на проектот за ракетниот штит со Москва.
Иранскиот тест на нова ракета за која велат дека може да достигне до Европа додава ургентност на американскиот план, инициран од поранешниот претседател Џорџ Буш, за изградба на ракетен штит во Источна Европа. Но, дали е така? Неодамна, институтот Исток Запад издаде извештај според кој Иран не е толку блиску до изградба ниту на нуклеарна боева глава, ниту на ракета којашто би можело да ја носи. Тој ден, според пресметките на институтот може да е една деценија далеку. Поранешниот експерт за оружје во Американското министерство за одбрана Филип Којл, кој сега работи како советник во Центарот за одбранбени информации во Вашингтон вели:

„Американскиот ракетен штит беше дизајниран да може да се справи со еден или најмногу два проектили од Иран. Ако сакате да верувате дека Иран ќе ја нападне Европа, и ако ја направите истата претпоставка како администрациајта на Буш дека Иран ќе употрeби еден или два проектили, тогаш седете и чекајте ги последиците. Знаете, тешко е да се верува во тоа.“

Според Којл, американските и руските експерти работеле заедно за да ја оценат заканата од Иран. Тие оцениле дека заканата од Иран за
Дали навистина верувате дека Иран ќе биде самоубиствен и ќе ја нападне Европа со нуклеарно оружје? Ако Иран направи такво нешто, тоа ќе биде самоубиствено
Европа не е ниту блиска, ниту пак има логична причина за неа.

„Дали навистина верувате дека Иран ќе биде самоубиствен и ќе ја нападне Европа со нуклеарно оружје? Ако Иран направи такво нешто, тоа ќе биде самоубиствено. Тоа ќе оправда масивна, масивна освета. Лично, не мислам дека Иран е толку луд. Иран има правено некои лекомислени потези, но не мислам дека се самобиствени.,,

Во меѓувреме, Русија се противи на изградбата на американски штит во Чешка и Полска, бидејќи смета дека главна цел е Русија, a не земји како Иран. Според Институтот Исток Запад, најдобро за отстранување на руските сомнежи е изградба на заедничка програма за заштита со Русија. Според поранешниот американски амбасадор во Украина Стивен Пајфер администрацијата на Обама има флексибилност да го стави ракетниот штит на листата за чекање.

„Моето мислење е дека администрацијата на Обама ќе ги разгледа предностите на ракетниот штит и ќе има оценување на политиката што ќе му овозможи на претседателот да одлучи за тоа дали да продолжи со програмата или не и како да разговара за тоа со Русите. Но, моето мислење е дека администрацијата има време. Може да разговара со Русите, затоа што извештајот вели дека опасноста од Иран не е ефективна до 2017. Тоа дава повеќе врeме за дипломатија, не само со Русија, туку и со Иран.“

вели Пајфер.