Експертите сметаат дека владините реклами се потребни за одржување на состојба на висок рејтинг. Според агенциите Владата потрошила 17,5 милиони евра за реклами во 2008
На дел од медиумите, се уште, се појавуваат огласи платени со државни пари. Иако, премиерот Никола Груевски, пред два дена, најави дека во овој период не се предвидуваат рекламни кампањи, дел од јавноста се сомнева дека владините реклами ќе престанат.
Претседателката на Транспарентност Нулта-корупција Слаѓана Тасева вели дека рејтингот на Владата покажува дека кампањите даваат резултати и затоа не очекува да престанат.
„Неопходно е да се одржува таа состојба на висок рејтинг, затоа што така може да опстојува една влада, која всушност не нуди вистински решенија за проблемите кои го притискаат народот.“
Владата потрошила нови 4 милиони евра од државниот буџет за да ги убедува граѓаните дека не се во криза, да ги „натера“ да бидат оптимисти, да ги научи да не пушат, да не пијат, да не абортираат, но да читаат книги и отпадоците да ги фрлаат во канта, објави весникот „Дневник“, минатата недела.
Тие кампањи се корисни затоа што влијаат на свеста на граѓаните за подобрување на некои општествени појави доколку се негативни или влијаат лошо врз луѓето, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Експеротот за политички маркетинг Иво Лауренчиќ вели дека дури и кампањите што директно не ја рекламираат Владата, влијаат на подигнување на нејзиниот рејтинг, зашто се добива впечаток дека Владата се бори против негативните појави.
„Се што огласувате, на некој начин, кај некои луѓе создава позитивна или негативна слика. На пример, ако имаш податок дека во Македонија има одреден број луѓе што се дрогираат и со тоа се загрозени одреден број семејства, а сигурно има многу такви, тогаш можеме да кажеме дека влијае.“
По огромниот интерес на јавноста, Државниот завод за ревизија, дури на крајот на јануари годинава, објави дека во 2007 година Владата потрошила 7,7 милиони евра за рекламни кампањи.
Првиот човек на Транспарентност Македонија Сашо Орданоски смета дека, за сопствена реклама, Владата троши меѓу 1 и 2 отсто од буџетот, што според него е незамисливо, особено во услови на економска криза.
„Со 17, 20 или 50 милиони евра можат многу други работи да се направат и тие пари сигурно можеа многу подобро да бидат решени.“
Радио Слободна Европа, во март годинава, повикувајќи се на податоците на агенциите за истражување на медиумскиот пазар, објави дека Владата, минатата година, потрошила околу 17 и пол милион евра за рекламен простор, само во весниците и на телевизија, и со тоа станува втор најголем огласувач, веднаш по телекомуникациската компанија Т-Мобиле. До сумата од 17,5 милиони евра Агенциите доаѓаат множејќи го времетрањеето на рекламите со цената на рекламниот простор според официјалните ценовници на медиумите. Владините институции ниту ги потврдија ниту ги демантираа овие тврдења.
Неопходно е да се одржува таа состојба на висок рејтинг, затоа што така може да опстојува една влада, која всушност не нуди вистински решенија за проблемите кои го притискаат народот
Претседателката на Транспарентност Нулта-корупција Слаѓана Тасева вели дека рејтингот на Владата покажува дека кампањите даваат резултати и затоа не очекува да престанат.
„Неопходно е да се одржува таа состојба на висок рејтинг, затоа што така може да опстојува една влада, која всушност не нуди вистински решенија за проблемите кои го притискаат народот.“
Владата потрошила нови 4 милиони евра од државниот буџет за да ги убедува граѓаните дека не се во криза, да ги „натера“ да бидат оптимисти, да ги научи да не пушат, да не пијат, да не абортираат, но да читаат книги и отпадоците да ги фрлаат во канта, објави весникот „Дневник“, минатата недела.
Тие кампањи се корисни затоа што влијаат на свеста на граѓаните за подобрување на некои општествени појави доколку се негативни или влијаат лошо врз луѓето, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Експеротот за политички маркетинг Иво Лауренчиќ вели дека дури и кампањите што директно не ја рекламираат Владата, влијаат на подигнување на нејзиниот рејтинг, зашто се добива впечаток дека Владата се бори против негативните појави.
Се што огласувате, на некој начин, кај некои луѓе создава позитивна или негативна слика. На пример, ако имаш податок дека во Македонија има одреден број луѓе што се дрогираат и со тоа се загрозени одреден број семејства, а сигурно има многу такви, тогаш можеме да кажеме дека влијае