Македонија во НАТО за стабилен Балкан

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден во парламентот во Приштина

Посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Балканот домашните аналитичари ја оценуваат како знак на јасна волја и визија за консолидација на Западниот Балкан. Тие додаваат, тоа е невозможно без членство на Македонија во НАТО
Македонската Влада е свесна за пораките кои ги упати американскиот потпреседател Џозеф Бајден дека местото на Македонија е во НАТО, но првин треба да го реши спорот за името со Грција. Од Владата велат дека притисоците од надвор се сили и тие работат во
Американците покажуваат јасна волја и визија за тоа дека консолидацијата на Западниот Балкан и воопшто безбедносната консолидација на Европа е невозможна без зачленувањето на Македонија во НАТО
насока на решавање на спорот , затоа што само на тој начин Македонија побргу ќе се интегрира во ЕУ и ќе стане дел од НАТО. Американскиот потпретседател Џозеф Бајден ја заврши турнејата на Балканот, во чии рамки ги посети Сареево, Белград и Косово. Посетата на Бајден и од домашните и од американските аналитичари е оценета како показател на подготвеноста на САД и понатаму да соработува со Балканот. Американскиот потпретседател ја истакна желбата на администрацијата на Обама, Америка да се ангажираат во регионот на Југо-источна Европа за да придонесат за вклучување на земјите од регионот во евроатлантската заедница. Бајден не ја посети Македонија но ја спомена во своите говори За поранешниот министер за надворешни работи Слободен Чашуле посетата на Бајден и заинтересираноста на САД за Балканот можела да се очекува ако се земе предвид дека во американската администрација е Хилари Клинтон, сопругата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, човекот кој ги започна американските проекти на Балканот. А тоа што Бајден не ја посети Македонија воопшто не е проблем, вели Чашуле.

„Американците покажуваат јасна волја и визија за тоа дека консолидацијата на Западниот Балкан и воопшто безбедносната консолидација на Европа е невозможна без зачленувањето на Македонија во НАТО.“

Професорот Имер Исмаили вели дека со посетата на Бајден , Америка упатила порака дека нема повеќе да дозволи радикализам и
Македонија ќе опстане, а ќе може тоа да го постигне само со поддршка на САД
национализам на Балканот.

„Македонија ќе опстане, а ќе може тоа да го постигне само со поддршка на САД. Ние сакаме да бидеме горди, да бидеме јаки, но немаме можност да бидеме. Во глобалната политика, кога влегуваш како држава како Република Македонија ќе слушаш како ти наредуваат другите, а не да наредуваш ти.“

Бајден ја пренесе пораката за единствената БиХ, подршката за независното Косово, а со посетата на Белград, покажа дека односите САД- Србија се затоплуваат.