Се губи ли и заштитата при извршување на работните обврски? Економската криза се чуствува во секој сегмент, па и во набавката на таканаречената ХТЗ работничка опрема.
Работниците ги загубија традиционалните работнички права, вели синдикатот.Невозможно е да се говори за право на работникот кога актуелниот Закон е во полза на работодавачите. Со губењето на работничките права се изгубија и дел од првата кои работникот ги имаше во делот на заштитата при извршување на работните обврски. Синдикатот вели дека во последните години повеќе води грижа за зачувување на работното место, прашањето се запазуваат ли минималните стандарди за заштита на работата е ставено во втор план.
„Ние како синдикат сме во многу подредена улога и сега се занимаваме со несигурното работно место што новиот Закон го направи и сега секој работник се бори за да го задржи своето работно место, а потоа за заштитата“
вели Атанасов.
Во последните шест месеци во Велес тешко беа повредени неколку работници. Градежен работник го загуби животот, а инвалид стана и кожарски работник. Димитар Андонов претседател на регионалниот синдикален совет, вели дека токму овие случаеви се показателдека промена на Законот е неопходна.
„Нас не доведоа како ССМ, да се обратиме до Уставниот суд за да оспориме некои членови од Законот. Законот е доста лош во поедини делови има и добри но кога ќе се зема да се извага преовладуваат негативните.“
Во Велес постојат две компании кои се занимаваат со продажба на заштитна опрема за работниците. Според одговорните во компаниите, годинава продажбата на заштитната опрема е драстично намалена.
„Компаниите во Македонија така и во Велес купуваат опрема но последниве месеци со намален интензитет, не е како минатите години бидејки економската криза си го направи своето. Се купува само најнеопходната заштита која му е потребна на работникот, исклуциво само најнеопходното за да се овива работата во фирмите непречено.“
вели Илија Пешов, од фирмата „ЛОТУС“. Сопствениците на производните капацитети несакаат јавно да говорат околку исполнување на законската обврска по прашањето на безбедноста на работникот на работното место. Според Пешов за ваквата состојба виновна е економската криза.
„ Најголемата причина мислам дека е економската криза , намален е протокот на средства, средствата во секоја фирма се оскудни, тие се усмеруваат најнапред за плати , па за давачки кон државата и за заштита при работата се оставаат на последните точки од приоритет на секоја фирма.“
Работниците пак велат дека порано било полесно и за да се работи но и да се задржи работното место. Се помалку се мисли на сопствената заштита кога егзистенцијата на смејството зависи од задржување на работното место.
„Ние како синдикат сме во многу подредена улога и сега се занимаваме со несигурното работно место што новиот Закон го направи и сега секој работник се бори за да го задржи своето работно место, а потоа за заштитата“
вели Атанасов.
Во последните шест месеци во Велес тешко беа повредени неколку работници. Градежен работник го загуби животот, а инвалид стана и кожарски работник. Димитар Андонов претседател на регионалниот синдикален совет, вели дека токму овие случаеви се показател
Сега секој работник се бори за да го задржи своето работно место, а потоа за заштитата на работа