Нема промени во американската надворешна политика во однос на Македонија, објаснуваат експертите. По заминувањето на Џорџ Буш од Белата куќа, зачестија шпекулациите дека Македонија и Балканот воопшто, нема да бидат приоритет за администрација на Барак Обама. Професор Лазар Лазаров посочува дека политиката на големите сили не се менува со менување на администрацијата.
„Големите сили имаат своја генерална политика, со мали, незначителни измени, осцилации. Америка нема да има никаква промена. Американскиот интрес е во овој регион да се нормализираат работите.“
Викендов, со македонското раководство, се сретна американскиот замeник-државен секретар Џејмс Стајнберг. Тој соопшти дека неговата посета е во функција на зајакнување и потврдување на билатералната соработка меѓу двете земји. Професор Јован Донев вели дека Американците се заинтересирани за Балканот.
„Тоа што дојде заменикот државен секретар, тоа е редовна рутинска посета на американски високи дипломати. Тие се заинтересирани тука да бидат присутни што е можно повеќе.“
Денеска започнува балканската турнеја на американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Тој ќе се сретне со државните раководства во Сараево, Белград и во Приштина. Професор Лазаров посочува дека Бајден не ја заобиколува Македонија. Тој смета дека неговата посета на Босна и Херцеговина, Косово и на Србија е во функција на истиснување на руското и наметнување на американското влијание во Србија. Професор Јован Донев се согласува дека недоаѓањето на Бајден не може да се гледа како заобиколување на Македонија и нагласува дека САД остануваат стратешки партнер на земјава.
„Не можеме тоа да го гледаме како прерипување или игнорирање. Кога имате стратешки партнер, со него може да се гледате и во други прилики и на друг начин. И така јас тоа го гледам. Политиката на САД кон Македонија сигурно нема да се промени.“
Пред неколку дена, и заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Стјуарт Е. Џонс, иако не дојде во земјава ги повика властите на Македонија и Грција да покажат „најголема можна флексибилност, за да може прашањето за името да стане минато“.
Дел од домашните аналитичари ја поврзуваат засилената дипломатска активност на странските дипломати во земјава, со решавањето на спорот за името со Грција и зачленувањето на Македонија во НАТО.
Големите сили имаат своја генерална политика, со мали, незначителни измени, осцилации. Америка нема да има никаква промена. Американскиот интерес е во овој регион да се нормализираат работите