Адвокатот на лидерот на опозицијата во Мјанмар Унг Сан Су Чи, изјави дека таа е во добра здравствена состојба и е подготвена за утрешната одбрана пред Судот, поради обвинението дека го прекршила куќниот притвор бидејќи примила американски држвјанин во својот дом. Доколку биде обвинета Су Чи може да се соочи со пет годишна затворска казна. Критичарите на апсењето на лидерот на опозицијата гледаат како обид на властите во Мјанмар да ја држат настрана од изборите што треба да се оддржат во 2010-та година.