Според правниот советник на ЕЗ Дирк Бушле членството на Македонија во Заедницата не е загрозено. Тој вели дека измените во законот за енергетика може да водат до дискриминација нетранспарентност и недостаток на процедурални заштити
Измените во Законот за енергетика предизвикаа проблеми на пазарот на електрична енергија, кој резултираа со странски приговори и интервенции. Додека од европретставниците пристигаат забелешки за нефер односот на државата кон приватниот ЕВН, во Македонските медиуми протече информацијата дека Европската заедница за енергетика ќе и го одземе правото на членство на земјава доколку не се сменат неусогласените законски одредби.
Од централата на заедницата во Виена велат дека членството на земјава не е оспорено. Правниот советник на меѓународната организација Дирк Бушле вели дека проблемот во Македонија се сведува на последните измени на Законот за енергетика.
„Ние веруваме дека позицијата на ЕЛЕМ, националниот производител на електрична енергија, е поддржана од последните измени на Законот, на начин кој може да води до дискриминација нетранспарентност и недостаток на процедурални заштити. Зборувам за спојувањето на трите функции - генерирање, дистрибуција и продавање на електрична енергија - за ова се потребни дополнителни гаранции за се да биде усогласено со законските регулативи.“
Бушле демантира дека членството на Македонија во заедницата е загрозено поради состојбите на пазарот на електрична енергија.
„Членството на земјата во енергетската заедница никогаш не беше оспорено и сигурно не е дел од тековните активности“
Упатените посочуваат дека последните случувања на енергетскиот пазар испраќаат лоши сигнали за потенцијалните странски инвестиции. Професорот на машинскиот факултет Константин Димитров вели дека односот на надлежните кон австрискиот ЕВН ги предизвикува немирите.
„И прави незгодна услуга на можностите за инвестирање во нашата држава, бидејќи секој таков процес непријатно звучи.“
Димитров додава дека судските одлуки треба да се пиочитуваат, но тоа би требало да важи за сите субјекти на пазарот
„Ако било законска обврска ЕЛЕМ да мора да поднесе тужба за нереализирана наплата заради три години рокот, тој бил обврзан. Ама, од друга страна, ако 40 илјади тужби на ЕВН којшто треба да ги наплати стојат блокирани во судовите и не се решаваат, прашање е зошто?“
Инаку претставници на енергетската заедница минатата недела беа во официјална посета на Македонија, со понуда да посредуваат во разрешување на несогласувањата.
Ние веруваме дека позицијата на ЕЛЕМ, националниот производител на електрична енергија, е поддржана од последните измени на Законот, на начин кој може да води до дискриминација нетранспарентност и недостаток на процедурални заштити