Предизборни инциденти

Вчера беа оштетени осум изборни штабови на политички партии. Експертите со поделени мислења за влијанието на инцидентите врз изборниот процес.
Министерството за внатрешни работи потврди дека во текот на вчершниот ден од три политички партии било пријавено оштетување на осум изборни штабови сместени во објекти на подрачјето на полициската станица во
Материјалната штета што е направена е минимална - искршени се единствено стакла од
штабовите.
општината Гази Баба. Портпаролот Иво Котевски изјави дека по пријавата се преземени мерки за откривање на сторителите и дека по нив се трага. Пријавена е штета на штбови од СДСМ, Обединети на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, од кои повеќето се на СДСМ.

„Инаку материјалната штета што е направена е минимална, односно, според пријавата, искршени се единствено стакла од штабовите.“

Првите појави на инциденти не мора да бидат знак за тоа дека кампањата ќе биде насилничка вели политичкиот аналитичар Жидас Даскаловски.

Архива: Претседателски и локални избори во 2009 година

„Јасно е дека ќе има остри вербални дуели. Јасно е дека ќе има многу подметнувања за афери и навидум афери. Но, тешко е да се каже дека она што се случило вчера е нешто што ќе се повтори и понатаму и најдобро е да не се повтори ова во Македонија, затоа што никој не сака да имаме немирни избори проследени со инциденти.“
Тешко е да се каже дека она што се случило вчера е нешто што ќе се повтори и понатаму и најдобро е да не се повтори ова.

Даскаловски вели дека ова бил изолиран случај кој нема да има влијание врз изборниот процес.

Според полтичкиот аналитичар Исмет Рамадани, вчерашните инциденти се очекувана појава со оглед на тоа што, како што вели, и кампањата веќе почна предвреме со многу навредливи изјави. Се оди на избори во нервозен политички амбиент. Претходно создадената политичка криза сама по себе најави дека политичките партии ќе настапуваат со реторика која создава вакви ситуации и меѓусебни препукувања со вокабулар кој е под политичката култура, вели Рамадани,

„Така што, веќе инцидентите почнаа и мислам дека за жал вакви инциденти
Така што, веќе инцидентите почнаа и мислам дека за жал вакви инциденти ќе има и ќе бидат
зачестени.
ќе има и ќе бидат зачестени. Кампањата веќе почна со навредливи изјави, навредливи настапи, така што за жал во Република Македонија ќе имаме многу неизвесни избори што значи создавање проблеми, инциденти итн.“

Во текот на вчерашниот ден, искршените изборни штабови ги посети претставник на изборната единица на СДСМ кој рече дека можеби станува збор за сценарио да се намали интересот на граѓаните за овој изборен процес и да се намали излезноста. Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема реакција.