Динамо Киев нов фудбалски првак на Украина

Екипата на Динамо Киев по 13-ти пат ја освои шампионската титула во Украина, откако на домашен терен ја совлада екипата на Таврија со 3:2 и на три кола пред крајот на првенството ја зачува предноста од 12 бода пред конкурентскиот Шахтјор од Доњецк. Украинската фудбалска лига е формирана во 1993 година. Пред неколку дена Динамо, во полуфиналето на Купот на УЕФА, загуби токму од конкурентскиот Шахтјор.