Граѓаните на прво место за кумановските советници

Куманово

Триесет и три члениот општински Совет на Куманово, најголемата локална смаоуправа во државава и една од поголемите на Балканот, стартот на својата работа го означува со создавање позитивна работна атмосфера, пресликана преку добра соработка на партиите од позицијата и опозицијата. И едните и другите советници велат дека нивната соработка ќе биде во интерес на граѓаните, а не во интерес на партиите. Ова не е прв советнички состав кој во Куманово функционира на ваков начин, така што одлуките главно се донесуваат заеднички и со минимални отстапки. Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ вели:

„Ќе бидеме една ефикасна советничка група која ќе биде контролор на советот и позицијата во него. Ќе ги сослушаме и барањата на граѓаните и нивните идеи и ќе настојуваме тие да бидат имплементирани во интерес на граѓаните.“

За соработката со градоначалникот:

„Се разбира дека ќе имаме соработка во понудените можности.“

Фериз Дервиши од Нова демократија вели дека и како поранешен советник од друга партија имал позитивно искуство и додава:
Ќе ги сослушаме и барањата на граѓаните и нивните идеи и ќе настојуваме тие да бидат имплементирани во интерес на граѓаните


Традицијата за добра соработка треба да продолжи во интерес на граѓаните.
Неговата двочлена советничка група ќе се залага за:

„Инфраструктурата во градот,бидејќи Куманово е на крстопат помеѓу север и југ и исток и запад.“

Зоран Маневски од НСДП, партија која од самиот старт е споменувана дека е поблиска до левата или десната опција,коалицирањето со СДСМ не го смета за претопување на оваа партија и вели:

„Колку и да се трудевме изминатите 3 години да укажеме дека НСДП има своја програма и свој пат апсолутно спротивен на заложбите на двете големи партии, тие настојуваат да укажат дека сме тие што еднаш се приклучуваме кон СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.“

Коалицирањето во локалната власт не значи претопување на НСДП во СДСМ, смета Маневски. Прeтседателот на Советот Виктор Цветковски очекува Советот да работи во позитивна атмосфера:

„На почетокот направивме позитивен чекор што ќе биде пример во РМ.“

Претседателите на комисиите на Советот од вкупно 13, 5 ќе бидат од опозиционите партии и пропорционално нивното учество ќе биде со по 2 члена во секоја комисија.На граѓаните на Куманово не им останува ништо друго освен да ги очекуваат резултатите особено во времето кога се под силна пресија на безработицата и сиромаштијата.