Претпоследна фаза на изборите во Индија

Во Индија денеска се гласа во четвртата од петте фази на општите избори во таа земја. Денеска гласаат над девеесет милиони луѓе за осумдесет и пет пратеници во долниот дом на парламентот во кој има петстотини четириесет и три места. Во досегашните фази битката главно се водеше меѓу владејачката Конгресна коалиција и опозиционата Хинду националистичка партија Баратија Џаната. Резултатите од изборите се очекуваат кон средината на месецов.