Се влошуваат ли односите НАТО-Русија?

Властите во Грузија уапсиле поранешен дипломат бидејќи, како што е наведно ,,соработувал со странски разузнавачки служби“. Вактад Маисаја, поранешен грузиски дипломат во мисијата на НАТО во Брисел, бил уапсен вчера. Грузискиот претседател Михаел Саакашвили соопшти дека Маисаја работел за руските тајни служби и дека и нанел сериозни штети на земјата, во текот на минато-годишната руско-грузиска војна. Инаку, денеска во Грузија НАТО ги започна воените вежби, на кои се противи Москва, која наведува дека вежбите дополнително ќе ја влошат и онака комплицирана состојба во регионот. Во исто време денеска Русија соопшти дека ќе протера двајца канадски дипломати од канцеларијата на НАТО во Москва, како одговор на одлуката на Алијансата да протера двајца руски дипломатски претставници од Брисел поради шпионска афера. Алијансата и Канада изразија жалење поради ваквата одлука на Русија.