Во текот на изборната кампања партиите интензивно го користеа Интернетот како медиум. Експертите се сомневаат дека политичарите кај нас знаат да го користат Интернетот
Со завршувањето на изборите, заврши и интернет одисејата на политичарите. Иако, според интернет експертите тоа било недоволно вешто, сепак, во текот на изборната кампања, партиите интензивно го користеа интернетот за промоција на нивните ставови.
Речиси сите кандидати за градоначалиници од ВМРО-ДПМНЕ отворија блогови, а истото го направија и претседателските кандидати Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски. Тие најавуваа дека ќе останат активни во интернет светот без оглед на исходот на изборите.Сепак, ако се разгледаат нивните блогови, се гледа дека активноста им престанува со завршувањето на изборите.
Интернет консултантот Дарко Булдиоски се сомнева дека дел од политичарите воопшто знаат да го користат Интернетот и дека имаат лична Интернет страница.
„Тие блогови кои се отворени кај нас се резултат на партиски војници кои малтене на своја волја ги имаат отворено блоговите и акаунти на различни места. Верувам дека дел од нив не се ниту свесни дека ги имаат, или ако се свесни дека ги имаат не ги употребуваат. И тука нема ништо лошо, но и таа ПР машинерија што тоа го работи, треба да знае како тоа да го сработи.“
Програмскиот координатор на фондацијата за развоја на информациско општество Метаморфозис Филип Стојановски вели дека многу мал дел од политичарите го користат интернетот за да ги соопштат ставовите, но уште помал број од нив го користат за директен дијалог со граѓаните.
„Во неколку општини каде што има отворено форуми, имаме информација дека форумите беа затворени поради неможноста да се овозможи комуникација на соодветно ниво, бидејќи биле пренатрупани со навреди.“
Булдиоски вели дека македонските политичари ја избегнуваат двонасочната комуникација со граѓаните. Интернетот е двонасочен медиум преку кој и граѓаните може да му одговорат политичарот или дури и да го навредат.
„Можеби и се плашат од двонасочна комуникација. Но поголем фактор е недоволно време, свесност, затоа што како и за секоја друга работа треба да научиш како ова функционира, за да можеш да го употребиш“
Една третина, односно 131 пратеник во романскиот Долен дом имаат свои интернет страници. Анализата на Политиксонлајн вели дека поголемиот дел од нив го користеле Интернетот за комуникација со корисниците дозволувајќи и коментари. Сепак, и таму по завршувањето на изборите најголем дел од сајтовите замираат.
Речиси сите кандидати за градоначалиници од ВМРО-ДПМНЕ отворија блогови, а истото го направија и претседателските кандидати Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски. Тие најавуваа дека ќе останат активни во интернет светот без оглед на исходот на изборите.
Тие блогови кои се отворени кај нас се резултат на партиски војници кои малтене на своја волја ги имаат отворено блоговите и акаунти на различни места
Интернет консултантот Дарко Булдиоски се сомнева дека дел од политичарите воопшто знаат да го користат Интернетот и дека имаат лична Интернет страница.
„Тие блогови кои се отворени кај нас се резултат на партиски војници кои малтене на своја волја ги имаат отворено блоговите и акаунти на различни места. Верувам дека дел од нив не се ниту свесни дека ги имаат, или ако се свесни дека ги имаат не ги употребуваат. И тука нема ништо лошо, но и таа ПР машинерија што тоа го работи, треба да знае како тоа да го сработи.“
Програмскиот координатор на фондацијата за развоја на информациско општество Метаморфозис Филип Стојановски вели дека многу мал дел од политичарите го користат интернетот за да ги соопштат ставовите, но уште помал број од нив го користат за директен дијалог со граѓаните.
Во неколку општини каде што има отворено форуми, имаме информација дека форумите беа затворени поради неможноста да се овозможи комуникација на соодветно ниво, бидејќи биле пренатрупани со навреди