Функционирањето на пречиситителната станица на отпадни води лоцирана во кумановското село Доброшане се соочува со финансиски проблеми. Од ЈП „Водовод“ бараат помош од државата за да не запре работата на овој значаен капитален објект,за чие нормално функционирање месечно се потребни околу еден милион денари. За сега тие средства ги обезбедуваат „Водовод“ и локалната самоуправа,што е дополнително оптоварување на нивната каса. Пречистителната станица низ своите филтри ги испушта пречистените фекалии и други отпадни води кои потоа завршуваат во реките Пчиња и Вардар. Објектот е вреден десет милиони евра, поголемиот дел донирани од швајцарската влада. Доколку државата не помогне може да се случи негово пропаѓање,вели Виктор Божиновски директор на „Водовод“.
,,Сервисирањето и одржувањето на објектот,електрична енергија и неопходните хемикалии за пречистување на отпадните води бараат финансиска поткрепа. Во периодот од 15 месеци функционирањето на објектот со полн капацитет создава дополнителен товар на „Водовод“. За да не дојдеме во ситуација да престане да работи објектот,"
вели Божиновски.
Тој додава дека средствата се барани од Министерството за животна средина и тоа во повеќе наврати.
,,Затоа што е најголем еколошки проект во Македонија. Министерот се појави еднаш, му ги презентиравме проблемите, а од тогаш нема никаков повратен ефект. Сметаме дека може да се помогне со набавка на хемикалии,а тука државата треба да интервенира."
смета Божиновски.
Пречистителната станица се градеше околу пет години поради времени застои поради имотно правни спорови со дел од локалното население, кое не дозволуваше вклопување на главниот колектор низ нивните имоти. Проблемот е надминат,а објектот е во функција од јануари минатата година.
Изградбата на пречистителните станици во Македонија е еден од предусловите кои државата треба да ги исполни за задоволување на стандардите за отпадни води што се барани од Европската унија.
Сервисирањето и одржувањето на објектот,електрична енергија и неопходните хемикалии за пречистување на отпадните води бараат финансиска поткрепа. Во периодот од 15 месеци функционирањето на објектот со полн капацитет создава дополнителен товар на „Водовод“.
,,Сервисирањето и одржувањето на објектот,електрична енергија и неопходните хемикалии за пречистување на отпадните води бараат финансиска поткрепа. Во периодот од 15 месеци функционирањето на објектот со полн капацитет создава дополнителен товар на „Водовод“. За да не дојдеме во ситуација да престане да работи објектот,"
вели Божиновски.
Тој додава дека средствата се барани од Министерството за животна средина и тоа во повеќе наврати.
,,Затоа што е најголем еколошки проект во Македонија. Министерот се појави еднаш, му ги презентиравме проблемите, а од тогаш нема никаков повратен ефект. Сметаме дека може да се помогне со набавка на хемикалии,а тука државата треба да интервенира."
Затоа што е најголем еколошки проект во Македонија. Министерот се појави еднаш, му ги презентиравме проблемите, а од тогаш нема никаков повратен ефект.