Најмалку 45 лица се убиени, а 20 се ранети, синоќа во напад на непознати вооружени лица на една свадбена веселба во југоисточниот дел на Турција во село Билџе на десетина километри од сириската граница. Повеќето од загинатите се жени и деца деца. Според гувернерот на провинцијата Мардин, Ахмет Ферхат Озен напаѓачите кои носеле маски, влегле во салата во која имало 200 гости и отвориле оган од автоматски пушки и рачни гранати. Министерот за внатрешни работи Беќир Аталај изјави дека изгледа дека нападот е поради крвна одмазда меѓу две семејства а не дело на курдските сепаратисти.
Реонот моментално е блокиран од армиски и полициски единици.
Турските медиуми објавија дека семејствата на невестата и младоженецот биле припадници на Селската стража, милиција под контрола на властите која е формирана за борба против курдските бунтовници во оваа област. Инаку настанот, според преживеаните, се одвивал така што четворица маскирани вооружени напаѓачи се појавиле во селото од четири различни правци. Тие ја нападнале куќата, во која претходно локалниот имам, кој исто така е меѓу жртвите, извршил служба по повод венчавањето. Напаѓачите фрлиле гранати, а потоа ги натерале жените и децата да се соберат во една од собите на куќата и ги застрелале. Убиен е и актуелниот кмет на селото Хамид Челеби и 10 членови на неговото семејство. Инаку свадбата била на черката на Џемил Челеби, кој е поранешен кмет на селото.Овој крвав чин е еден од најтешките со цивилни жртви во Турција во последните години

Нападот е поради крвна одмазда меѓу две семејства, а не дело на курдските сепаратисти