Недоволната едукација на ромската популација, нискиот животен стандард, лошите навики наследени со години, неинформираностa на родителите, отсуството на комплетна имплементација на законските регулативи се дел од причините поради кои ромската популација се уште не е целосно вклучена во образовниот процес. Сепак како што тврдат педагозите квалитето на образованието кај ромските деца бележи подобрување. Според податоците во регионот на Неготино, Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен само последнава година процентот на деца кои отсуствуваат од настава е намален од 50 на 30 отсто.Во Битола најмногу ученици од ромска националност учат во основното училиште Ѓорѓи Сугаре. Таму околу 600 ученици или 80 % се од ромската популација.
„ Веќе има родители кои навистина сакаат да ги запишат, а има и ученици кои ја надминуваат границата да посетуваат редовно основно образование,односно се со 12, 13 години, а не го завршиле првото одделение.“
вели Снежана Петровска, советник за образование во битолската локална самоуправа. Затоа со согласност од Министерството и Бирото за образование се прават измени на наставниот план и програма, па со нови специјални програми учениците во една годинаможе да завршат по две одделенија. Во Прилеп околу 1000 ученици од ромска националност се вклучени во основно и средно образование. Но, и натаму останува проблемот со отсуството на децата од училишните клупи. Кумановската невладината организација „Национален ромски центар„ која неколку години работи на подобрување на квалитетот на образованието на Ромите, проект кој и годинава е во тек имаат неколку предлози до Министерството:
„Побаравме да се почитува и да се овозможи на ромските семејства според законот спроведување на изборниот предмет ромски јазик и култура, а покрај веронауката и сексуалното воспитување да биде еден од предлозите за предмет.“
Вели претседателот Ашмет Елезовски. Тој е задоволен од досегашната соработка со ресорното министерство. Од таму пак посочуваат на новите мерки.
„Сите кои се запишаа во задолжителното средно образование добија стипендија. Имаше оваа година бесплатни учебници за сите ученици чии родители се корисници на социјална помош,обезбедување превоз бесплатен.“
Вели Назиктере Сулејмани од Министерството за образование. Вака сметаат од министерството ќе се надмине демотивираноста, ќе се зголеми присуството и вклученоста на ромските деца во училиштата со што побргу би се имплементирала одредбата на законската регулатива за задолжително основно и средно образование.
„ Веќе има родители кои навистина сакаат да ги запишат, а има и ученици кои ја надминуваат границата да посетуваат редовно основно образование,односно се со 12, 13 години, а не го завршиле првото одделение.“
вели Снежана Петровска, советник за образование во битолската локална самоуправа. Затоа со согласност од Министерството и Бирото за образование се прават измени на наставниот план и програма, па со нови специјални програми учениците во една година
Веќе има родители кои навистина сакаат да ги запишат, а има и ученици кои ја надминуваат границата да посетуваат редовно основно образование