НАТО – Русија со договорот ја дестабилизира ситуацијата на Кавказот

НАТО ја обвини Русија за дестабилизирање на ситуацијата во Кавкаскиот регион со денешното потпишување на договорот со грузиските отцепени региони Јужна Осетија и Абхазија, со кој Москва формално ја презема одговорноста за одбрана на нивните граници од Грузија. Портпалорот на Алијансата Џејмс Апартурај рече и дека со тавкиот чекор Русија го прекршува мировниот договор постигнат со Грузија, а чиј посредник беше Европската Унија.