Германското министерство за одбрана соопшти дека еден германски војник бил убиен, а осумина повредени во два напада во Авганистан. До инцидентите дошло вчера во време кога германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер беше во посета на Авганистан на средба со претседателот Хамид Карзаи.