Економски последици од пандемија на Свинскиот грип

Во Мексико 159 смртни случаи од вирусот на свинскиот грип, а за над 2500 лица постои сомневање дека се заразени, соопшти министерството за здравство. Освен во Мексико, заразени има и во Соединетите Држави Канада, како и во Европа, но се смета дека надвор од Мексико нема починати од свинскиот грип. Загриженоста од пандемијата има и економски ефект, а доаѓа во време на голема светска економска криза.
Во обид да се спречи ширењето на вирусот властите во Мексико донесоа наредба за затворање на училиштата, кината, рестораните и црквите.

Доколку продолжиме со нашата акција во следниве неколку дена, кои се критични, ке бидеме способни да го спречиме ширењето на болеста и што е многу важно, да ја намалиме смртноста.

изјави градоначалникот на Мексико Сити Марсело Ебрард. Во Америка се јавува за 65 случаји на заразени, а владите на Соединетите Држави. Канада, европските земји ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Мексико. Стравот од ширење на вирусот има и економски ефект. Намалени патувања, зголемена здравствена потрошувачка, контроли на границите. Колкав ќе биде ефектот на глобално ниво е рано да се процени. Кејт Хенсен е преставник за здравство на Светската Банка:
Влијанието врз економијата ќе зависи од големината, природата и времетраењто на пандемијата

Влијанието врз економијата ке зависи од големината, од природата и од времетраењето на епидемијата, доколку таа расте или се развива.

Сепак некои ефекти се веќе видливи. Намаленото патување, пад на туризмот влијаеше врз намалување на цената на нафтата, која вчера беше повторно под 49 долари за барел. Доларот, пак во истовреме забележа раст во однос на еврото. И додека официјални лица во Вашингтон продолжуваат да нагласуваат дека за економијата престојуваат тешки денови, некои , мегу кои, и Претседателот Барак Обама започнаа да искажуваат и по оптимистички тонови. Сепак Белата Куќа е внимателна во проценките од потенцијалниот негативен ефект од евентуалната пандемија на свинскиот грип. Портпаролот Роберт Гибс:

Сметам дека е малку рано да се определи економскиот ефект, но секако Националниот економски совет и министерството за економија внимателно ја следат ситуацијата.