Македонскиот фолклор прикажан низ народната носија, полека изумира. Разнообразието на фолклорните елемени прикажни на народните носии, можат да се видат само на одредени манифестации, а изразботката полека исчезнува.
Македонскиот фолклор прикажан низ народната носија како едно од обележјата на македонскиот етнос полека изумира. Убавината, раскошот, разнообразието на фолклорните елементи кои ги красат народните носии кои се носеле пред векови може да се видат само на одредени манифестации. Народната носија веќе не се изработува во државава. Постарите велат дека причина за тоа е недоволниот интерес на младите, кои одбиваат да седнат на разбој и да ткаат убаво, стишно платно. Велат младите невести сега не сакаат две години да поминат со иглата в раце везејќи ги убавите народни мотиви и плетејќи тантели. Овој макотрпен труд го вложувале само постарите. А, убавината на народната носија паѓа во очите и на странските туристи. Тие се подготвени да платат и по 500 евра за да купат еден комплет народна носија од кој било крај во Македонија.
„Се чуваат, никој не продава сега, не можеш да најдеш.Ние ги учиме колку се може, да се повторува, да прифаќаат за да ја работат оваа носија,ама тешко сега младите, не сфаќаат, ние старите бевме упорни на тоа-велат Димка Јакимоска и Ангелина Блажеска, двете од селото Брвеница-Тетовско.“
Сепак во државава има млади луѓе кои покажуваат љубов,кои го негуваат македонскиот фолклор. Меѓу нив е 18 годишниот Милан Попоски од Вевчани:
„Љубовта уште од мали нозе. Нашите родители се учесници во КУД Дримол од Вевчани, ние учествуваме во тоа друштво и со традиција ја водиме оваа носија и ни е чест да го претствуваме Вевчани.“
19 годишната Јасмина Бебекоска невестинската народна носија ја наследила од нејзината баба, вели носијата е стара повеќе од 1000 години и се предава низ генерациите. Таа е гордост на оваа вевчанска фамилија:
„Оваа облека е невестинска облека, ја носеле невестите.Мојата носија ја имам зачувано од старите, баба ми, мајка ми... Стара е преку 1000 години.“
Единствена манифестацијата во земјава која го негува овој елемент на македонското фолклорно наследство се „Деновите на македонската народна носија„ кои се одржуваат традиционално во Кривогаштани. Организаторот, КУД „Илинден„ се залага манифестацијата да влезе во агендата на Министерството за култура:
„Имаме аплицирано два пати досега во Министерството за култура, меѓутоа досега не сме добиле одговор. Се надеваме за оваа година, доколку нашиот проект во Министерството за култура биде одобрен, се надеваме на нивна помош.“
Вели Мирослав Шашески, претседател на КУД „Илинден„. Екс- градоначалникот на општина Кривогаштани најави дека Локалната самоуправа ќе ги вложи сите напори манифестацијата да прерасне во туристичка атракција и бренд на општината:
„Сакаме преку оваа манифестација културно да ја издигнеме општина Кривогаштани и во наредниот период да биде толку масовна што би претставувала бренд, не само во државата, туку и надвор од државата.“
Вели Горан Каравилоски.