Месиќ смета дека граничниот спор со Словенија треба да го решава суд

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ изјави денеска дека предлогот на евро-комесарот за проширување Оли Рен, за формирање ад хок комисија за решавање на хрватско – словенечкиот пограничен спор, нема смисла, бидејки споровите околу факти ги решава суд. Месиќ нагласи дека Хрвтаска ќе ја прифати одлуката на судот, каква и да биде, додавајки дека двете земји мора да ја продолжат меѓусебната соработка.