Ако граѓаните на Кишињев понекогаш заборават дека живеаат на погрешна страна, на тоа ги потсетува Божиќ, пишува Њујорк тајмс во статијата посветена на Молдавија.
Веќе две години градоначалникот на Кишињев Дорин Чиртоака поставува елка пред дваесет и петти декември кога Божиќ слават во Романија и во Западна Европа. И на два пати просоветскиот претседател Владимир Ворњин наредува елката да се отстрани затоа што во Молдавија, официјално Божиќ се прославува на седми јануари, како што тоа е и во Русија, пишува Њујорк тајмс, оценувајќи дека деновиве светот научи оти поделбите во рамките на тоа општество се длабоки и опасни. Молдавија се соочува со истиот предивик како и Грузија и Украина, да му се приклучи на Западот по неколку децениското руско влијание. Но, молдавскиот случај е покомплициран поради историјата на доминација што ја следи таа територија во изминативе два века. Позната како Бесарабија, над сто години беше под владеење на рускиот цар, потоа дваесет и две години под романскиот крал и над пеесет години во прегратка на Советскиот сојуз. По скоро две децениска независност граѓаните на Молдавија се уште се занимаваат со основното прашање: кои се тие?
Поделбите се интензивираа во текот на изминативе денови кога антикомунистичките демонстрации прераснаа во насилни, пишува Њујорк тајмс, додавајќи дека повеќето од демонстрантите биле млади луѓе кои сакаат да избегаат од советското време. Но, повеќето од повозрасните се за Русија и во протестите гледаат заговор од Романија за да го зграпчи суверенитот на Молдавија. Што молдавците мислат за Романија и Русија зависи од тоа кого ќе прашате и покрај фактот што седумдесет и шест насто од наслението, според пописот пред пет години, се изјаснија како молдавци. За едните, романците се окупатори, за другите тоа се русите. ,,Сакале или не историјата што ја криеа од нас се појавува на површината како масло на вода,, вели пеесет и две годишниот новинар Василе Ботнару.
По распадот на Советскиот сојуз, Молдавија за официјален јазик го прогласи романскиот, наместо рускиот, а националното знаме е слично на романското. Но, молдавците кои говорат руски, главно елитата од советката ера се над една четвртина од наслението. Во две илјади и првата година, по декадата на див капитализам што ја донесе земјата во банкрот, луѓето се свртија кон старите времиња. На изборите победи комунистичката влада на Вороњин кој вети враќање на сојузот со Русија. ,,Молдавија мора да се држи надвор од Европа, како што Куба е надвор од Америка. Така можеме да се зачуваме од имперајлистичките осовојувачи,, им порача на своите гласачи Вороњин. Во меѓувреме, дел од молдавците одат во Романската, а друг дел во Руската православна црква. Руските весници во Кишињев, протестите ги нарекуваат пуч, романските пак, револуција. Ботнару вели дека има пријатели и на двете страни и оти тие постојано му бараат да се изјасни каде припаѓа:,,Тоа е исто како глупави родители кои кога се разведуваат ги прашуваат своите деца кого сакаат повеќе. Има деца кои тогаш не сакаат ниту еден од нив,, вели Ботнару во написот објавен во Њујорк тајмс.
По скоро две децениска независност граѓаните на Молдавија се уште се занимаваат со основното прашање: кои се тие?