Во Колумбија уапсен еден од најголемите ,,нарко шефови“

Полицијата во Колумбија го уапсила најбараниот лидер на нарко картелот во државата – Даниел Рендон Херера познат под името Дон Марио. Тој бил уапсен во колумбијскиот северен регион Ураба. Претходно за помош при неговото апсење, властите во Колумбија нудеа награда од два милиони долари.