Северна Кореа соопшти дека ги напушта шестпартитните преговори и оти ја продолжува нуклеарната програма. Претходно, Советот за безбедност на ОН едногласно го осуди Пјонгјанг за лансирањето ракета.
Официјален Пјонгјанг соопшти дека Северна Кореа ја отфрла новата резолуција на Советот за безбедност и оти се откажува од разговорите за нуклеарно разоружување. ,,Веќе никогаш нема да учествуваме на такви разговори и секоја нивна одлука не е обрзувачка за нас,, се наведува во соопштението, прочитано на телевизијата, а во врска со разговорите во кои уште се вклучени Јужна Кореа, Јапонија, Русија, Кина и Соединетите држави. Северна Кореа исто така најави дека ќе ги рестартира постројките во кои може да се произведува плутониум за воени цели.
,,Ќе преземеме мерки за враќање на нуклеарните постројки во нивната оригинална состојба, односно пред нивното расформирање до кое дојде со договорот постигнат на шестпартитните разговори.,,
Го прочита спикерот официјалното соопштение во кое ваквиот чекор се образложува со потребата од зацврстување на силите за нуклеарно одвраќање со цел подобра одбрана на земјата. Миинистерствата за надворешни работи на Русија и на Јапонија веднаш изразија жалење поради ваквата одлука и побараа од Северна Кореа да не се повлекува од шестпартитните преговори. Вчера Советотза безбедност едногласно ја прифати резолуцијата за осуда на севернокорејското лансирање ракета од долг дострел, оценувајќи дека со тоа таа земја ја прекршила забраната на Обединетите нации да презема такви чекори. Соединетите држави и Јапонија притискаа на построга осуда, а не на онаа која мина во Советот. Но, Кина и Русија бараа повоздржана резолуција за да се одбегне прекин на преговорите со Северна Кореа.
,,Морам да кажам дека ова е многу чувствителен момент. Она што е битно за сите страни е да ја зачуваат ладнокрвноста и да работат заеднички за одржување на мирот и стабилноста во североисточна Азија.,,
Изајви кинескиот постојан претставник во Њујорк Занг Јесуи. На ист став беа и амбасадорите на Русија и на Соединетите држави Виталиј Чуркин и Сјузан Рајс:
,,Соединетите држави се многу задоволни што Советот денеска усвои силна, едногласна изјава со која јасно и недвосмислено се осудува лансирањето на петти април и со која се испраќа порака дека секој таков чекор во иднина ќе се смета за кршење на постојните резолуции на Советот.,,
Дипломатите во Обединетите нации велат дека изјавата не би требало да доведе до дополнителни економски санкции против Северна Кореа. Сепак, Пјонгјанг уште пред нејзиното усвојување предупреди дека таа ќе биде оценета како нарушување на севернокорејскиот суверенитет. Соединетите држави, Јапонија и Јужна Кореа сметаат дека Северна Кореа лансирала балистичка ракета со долг дострел, додека Пјонгјанг и натаму тврди дека ракетата носела телекомуникациски сателит во Вселената.
,,Ќе преземеме мерки за враќање на нуклеарните постројки во нивната оригинална состојба, односно пред нивното расформирање до кое дојде со договорот постигнат на шестпартитните разговори.,,
Го прочита спикерот официјалното соопштение во кое ваквиот чекор се образложува со потребата од зацврстување на силите за нуклеарно одвраќање со цел подобра одбрана на земјата. Миинистерствата за надворешни работи на Русија и на Јапонија веднаш изразија жалење поради ваквата одлука и побараа од Северна Кореа да не се повлекува од шестпартитните преговори. Вчера Советот
Дипломатите во Обединетите нации сметаат дека изјавата на СБ на ОН не би требало да доведе до дополнителни економски санкции кон Северна Кореа.