Иран го поздрави дијалогот со шестте светски сили

Иран го поздрави конструктивниот дијалог со Западот околу нуклеарната програма на земјата, јави иранската новинска агенција ИРНА. Агенцијата наведува дека иранскиот преговарач Саед Џалили остварил телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана, при што му соопштил дека Иран ги поздравува разговорите со групата шест светски сили. Соединетите Држави, Британија, Русија, Кина, Франција и Германија на неодамнешниот состанок во Лондон му понудија на Иран преговори за нуклеарната програма и го задолжија Солана да ја упати поканата.