Обама повика на единство за справување со глобалните предизвици

Американскиот претседател Барак Обама упати апел до сите земји во светот за единство во справувањето со глобалните предизвици, како економската криза, екстремизмот, загадувањето на животната средина и ширењето на нуклеарното вооружување. Во редовното неделно радио обраќање, Обама ги повика луѓето да бидат претпазливи поради соочувањето со бројните закани.