Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски испратил писмо до неговата грчка колешка Дора Бакојани, во кое предлага изградба на нов граничен премин меѓу двете земји Маркова Нога – Герман. Милошоски оценува дека отворањето на тој граничен премин би бил значаен чекор кон остварувањето на декларираните заложби за dобрососедство и за поголема комуникација меѓу граѓаните на двете земји. Милошоски предлага и средба на делегации на дветe министерства за надворешни работи до крајот на наредниот месец.