Властите во Молдавија со предупредување до демонстрантите

Молдавскиот премиер Зинаида Гречеани во синоќешното телевизиско обраќање изјави дека властите се подготвени да употребат оружје доколку протестите повторно станат насилни. Таа ова го порача неколку дена по насилните протести во Кишињев против победата на Комунистичката партија на парламентарните избори. Молдавија и Русија ја обвинија Романија за организирање на протестите.