Полицијата ја врати контролата врз Парламентот во Молдавија

Молдавија: анти комунистички протести

Полицијата нокеска ја врати контрола врз Парламентот претседателскиот кабинет, по вчерашните протести во главниот град Кишињев. Зградите беа нападнати во рамките на протестот против изборната победа на владејачката Комунистичка партија. Повекемина демонстранти при тоа беа уапсени. Во вчерашните судири една жена загина гушејки се од чад предизвикан од палежите во Парламентот, а над 110 лица беа повредени, од кои 80 тина полицајци. Претседателот на Молдавија Владимир Воронин, кој е и лидер на Комунистичката партија, ја обвини опозицијата дека стои зад протестите со намера да изврши државен удар.

"Оваа операција беше добро подготвена, добро осмислена и изгледа добро финансирана".

изјави Претседателот Воронин кој опозицијата во Телевизиско обраќање ја нарече фашистичка и вети дека власта ќе го брани изборот на народот. Либералната опозиција пак ја обвини власта за местење на изборите и мултиплицирано гласање. Владеачките комунисти освоија над 50 насто од местата во новиот Парламент, додека нивната подршка според предизборните истражувања изнесувала околу 30 насто. Комунистите всушност освоија 61 пратеник од 101 можен или точно толку за да изберат нов претседател кој би го сменил Воронин. ОБСЕ и ЕУ побараа демонстрантите да избегнат насилство, а од властите да дозволат мирољубиви демонстрации.
Кишињев: Демонстрантите го истакнаа знамето на ЕУ

Соединетите држави и Обединетите Нации, пак побараа од сите страни да се воздржат од насилства. Загриженост за ситуацијата во Молдaвија изрази и Русија чије влијание растеше во изминативе месеци.
Соседна Романија го осуди насилството во однос на државните институции во Кишињев и ги повика страните во конфликтот да стават крај на нередите. Комунистите во Молдавија се на власт од 2001 година во земјтата за која се смета дека е најсиромашна во Европа.