Започнуваат пролетните сеидби

Панорама на Скопје

Неповолните климатски услови го пролонгираа стартот на пролетната сеидба во поширокиот кумановски регион. Експертите меѓутоа сметаат дека тоа нема негативно да влијае на завршувањето на пролетните земјоделски активности. Започната е сеидба на овес,јачмен и рж, почвата се подговтвува за пченка,а и веќе започнале расадувањата на раноградинарските култури, вели Нако Николовски од Здружението на земјоделските производители во Куманово. Тој објаснува дека во Здружението сите земјоделци добиваат совети како да го обработуваат земјиштето,како да го прихрануваат и каков вид семе да употребат за што поуспешен и поквалитетен род.

„За овие операции земјоделците ги советуваме како да ги употребуваат семињата, кои семиња да користат. За тоа одржувавме и семинари.“

Вели Николовски. Здружението ги советувало земјоделците и за подигање лозови и овошни насади.

„Како можат да подигнат лозови насади,кои сортименти да ги одберат за лозовите и овошните насади,дали е тоа јаболко, круша. Им кажуваме кои сорти се најповеќе застапени и кои сорти можат да бидат субвенционирани од Агенцијата за финансиска подршка за рурален развој. “

Николовски додава дека без оглед што задоцнила пролетната сеидба земјоделците кои успеале да ја завршат веќе можат да аплицираат, а оние другите ќе можат да го стасаат рокот кој е до 31 мај годинава.
Иако секоја година кога ќе започнат земјоделските активности земјоделците вредно ги обработуваат своите површини, свесни се дека субвенциите нема да им ги покријат трошоците и трудот. Но,проблемите за нив се чини, стануваат уште поголеми кога не можат да обезбедат пласман на производите, кога откупот или доцни или цените се многу ниски. За раноградинарските култури земјоделците велат дека и пред рецесијата тешко ги продавале нивните производи, а за оваа година ни малку не се оптимисти.

„Немаштијата е голема. Немаат луѓето пари, а кризата ќе биде уште поголема.“

Велат производителите на раноградинарските култури.