На самитот ЕУ–САД што денеска се одржа во Прага Обама повика на прием на Турција во ЕУ, на што се спротистави францускиот претседател Саркози.
На денешниот неформален состанок Европска Унија – Соединетите Држави што се оддржа во Прага, американскиот претседател Барак Обама меѓу другото истакна дека Европа не треба да го заборави Балканот. Соединетите Држави и натаму цврсто се решени да го приведат до крај процесот за вклучување на Балканот во трансатлантските интеграции и сосема сигурно не сакаме да се откажеме од своите цели, рече Обама. Американскиот претседател во воведниот говор во рамки на самитот истакна дека Европската Унија е силен сојузник на Соединетите Држави, и изрази оптимизам околу натамошната заедничка соработка за справување со економската криза како и во борбата против климатските промени. Обама на самитот во Прага исто така го поддржа влезот на Турција во Европската Унија, што е негова следна станица од европската турнеја.
„Соединетите Држави и Европа мораат да ги прифатат муслиманите како наши пријатели, соседи, партнери во борбата против нетолеранцијата, насилството градејќи односи засновани врз меѓусебна почит и меѓусебни интереси. Во иднина, турското членство во Европската Унија би бил важен сигнал за вашата посветеност кон оваа агенда и би осигурало дека ќе продолжиме да ја вкотвиме Турција цврсто во Европа."
рече Обама. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја поздрави подршката на Обама за Турција, но на ова се спротивстави францускиот претседател Никола Саркози кој изјави дека тоа е работа за која треба да се одлучува во рамките на Европската Унија. Инаку, пред самитот ЕУ-САД, утринава американскиот претседател Барак Обама оддржа говор на отворено пред прашкиот замокХрадчани, кој го следеа 30 илјади луѓе. Во говорот Обама повика на свет без нуклеарно оружје:
„Опасноста од глобалната нуклеарна војна е намалена, но опасноста од нуклеарен напад е зголемена. Како единствена нуклеарна сила што има употребено оружје, Соединетите Држави имаат морална обврска да делуваат. Не можеме да успееме сами, но можеме да предводиме, можеме да започнеме."
изјави Обама додавајќи дека Америка е посветена да бара мир и безбедност во светот без нуклеарно оружје. Неговиот говор и потоа самитот на Европската Унија се оддржаа само неколку часа, откако утринава Северна Кореја изврши лансирање на ракета. Чекорот силно го осудија соседните земји Јапонија и Јужна Кореја како и ОН, НАТО, Соединетите Држави и Европската Унија. За вечерва е закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН. Во рамки на самитот во Прага, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот Обама изјавија:
,,Нашата заедничка изјава е јасна, Северна Кореја не може да биде меѓународно прифатена, ниту да реализира економски напредок поврзан со меѓународниот систем се додека не престане со застрашувачкото однесување и не работи со останатите страни во имплементација на шест партитниот договор."
,,Многу сум задоволен од заедничката изјава за ланситањето во Северна Кореја. Мислам дека покажува на фактот дека кога Европа и САД работат заедно, можеме да направиме разлика не само на локални, туку и меѓународни прашања."
Утринава Северна Кореја јави дека успешно ја завршила мисијата за лансирање на комуникациски сателит во орбитата, но Соединетите Држави и Јужна Кореја соопштија дека никаков сателит не е во орбитата. Според јужнокорејски власти еден дел од ракетата паднал во Јапонското море, а остатокот во Тихиот Океан.
Во иднина, турското членство во Европската Унија би бил важен сигнал за вашата посветеност кон оваа агенда и би осигурало дека ќе продолжиме да ја вкотвиме Турција цврсто во Европа
„Соединетите Држави и Европа мораат да ги прифатат муслиманите како наши пријатели, соседи, партнери во борбата против нетолеранцијата, насилството градејќи односи засновани врз меѓусебна почит и меѓусебни интереси. Во иднина, турското членство во Европската Унија би бил важен сигнал за вашата посветеност кон оваа агенда и би осигурало дека ќе продолжиме да ја вкотвиме Турција цврсто во Европа."
рече Обама. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја поздрави подршката на Обама за Турција, но на ова се спротивстави францускиот претседател Никола Саркози кој изјави дека тоа е работа за која треба да се одлучува во рамките на Европската Унија. Инаку, пред самитот ЕУ-САД, утринава американскиот претседател Барак Обама оддржа говор на отворено пред прашкиот замок
Опасноста од глобалната нуклеарна војна е намалена, но опасноста од нуклеарен напад е зголемена. Како единствена нуклеарна сила што има употребено оружје, Соединетите Држави имаат морална обврска да делуваат