Нив на половина мост ги дочека Францускиот Претседател Никола Саркози. Дискусиите на НАТО лидерите во Стразбур продолжуваат за тоа кој ке го наследи Јап де Хоп Схефер кој на 31 јули заминува од челната позиција на Алијансата. Европските сојузници и Соединетиоте Држави ја подржаа кандидатурата на данскиот премиер Андерс вог Расмусен за функцијата генерален секретар на Алијансата. Меѓутоа Турција се противи поради тоа што во Данска во 2006 започна кризата со карикатурите на пророкот Мухамед објавени во данските весници. Според висок американски преставник, како што јави Ројтер, Соединетите Држави не гледале голема итност изборот на нов генерален секретар да биде извршен денеска. Како и да е, во Стразбур се слави приемот на двете нови членки, Хрватска и Албанија. Главниот фокус на самитот пак врз иднината на Алијансата, новата стратегија за Авганистан како и односите со Русија. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека очекува поголема помош од НАТО во Авганистан, но не спомна барање за повеќе трупи.
"Очекуваме дека сите НАТО партнери ке придонесат кон овие напори. Но проблемот не е само во ресурсите, туку и во стратегијата. И затоа ние ке се фокусираме врз стратегијата а потоа и на на тоа дали ресурсите се доволни".
Пред почетокот на самитот, американскиот претседател Барак Обама имаше одвоени средби со францускиот претседател Никола Саркози и со германскиот канцелар Ангела Меркел. Обама ја нагласи важноста на транс-атланските релации. И овој самит на НАТО е следен со демонстрации.
Полицијата со солзавец се обидува да ги растера демонстрантите кои имаат намера да стигнат до центарот на францускиот град Старзбур. Анти-воените и анти капиталистичките демонстранти во Старзбур се судрија со полицијата и во изминативе денови.